Финалето на Светското фудбалско првенство (СП) во Русија во кое играа Франциja и Хрватска, го гледале во директен телевизиски пренос 1,12 милијарда гледачи, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својот сајт. Вкупно 3,576 милијарди луѓе, односно повеќе од половината од жителите во светот во старосна доба од четири години и постари го следеле СП 2018, велат од ФИФА.
Бројот на гледачите што гледале најмалку една минута на своите телевизиски приемници во своите домови изнесува 3,262 милијарди, додека околу 309,7 милиони луѓе не го следеле СП во своите домови, туку во јавни простории каде што биле пренесувани мечевите.
Финалето, во кое славеа Французите со 4-2, го следеле во телевизиски пренос во своите домови 884,37 милиони луѓе, а 231,82 милион тој меч го гледале на јавни места каде што било пренесувано тоа финале. Освен тоа, ФИФА тврди дека 64-те натпревари на 21-то СП во просек го следеле во директен ТВ-пренос по 191 милион гледачи. Г.И.