Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ в среда, во 18 часот, во НУ НУБ „Св, Климет Охридски“ во просториите на новата мултимедијална читалница ќе ја промовира својата јубилејна монографија „75 години Танец“ – монографска презентација на архивската граѓа од архивот на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“.
Ова значајно издание, кое го трасира богатиот пат и наследство на „Танец“ во текот на седум и пол децении, претставува ризница на документи, фотографии и сведоштва за неговата културна мисија како најзначаен презентер на македонското фолклорно творештво.
Поводот за оваа монографија е прославување на 75-годишниот јубилеј на ансамблот „Танец“ (основан во 1945 година) и претставување на капиталното монографско дело, кое е резултат на темелното истражување и архивирање на историската граѓа на институцијата.

































