Фото: Пиксабеј

Постои мислење дека јаболкото е најздраво овошје, дека оној што јаде едно јаболко дневно не треба да оди на лекар, а светските сознанија сега нѐ уверуваат дека друго овошје треба да ги преземе тронот и признанието за најздраво овошје. Бананите, всушност, се богати со калиум, кој е неопходен за здраво срце.

Истражувањата покажуваат дека исхрана богата со калиум помага во намалување на крвниот притисок и намалување на ризикот од срцеви заболувања. Анализата на 11 студии и набљудувањето на 250.000 луѓе покажале дека просечното зголемување од 1.540 милиграми калиум дневно е поврзано со 21 отсто намален ризик од мозочен удар. Доволното внесување калиум одржува здрав ритам на срцето, а исто така помага во варењето на јаглехидратите и во изградбата на мускулите. Комбинацијата на овие придобивки може да направи чуда за вашите артерии, спречувајќи срцеви заболувања и мозочни удари. Овие резултати се перспективни, смета диететичарката Али Вебстер, која е помошник-директорка на Меѓународниот совет за информации за храна.

– Секако дека нема да ви наштети да јадете храна богата со калиум секој ден, освен ако не сте добиле упатства да внимавате на внесувањето. Но не можеме да кажеме дека една специфична храна ќе спречи кардиоваскуларни болести. Мора да се земе предвид целокупната исхрана, како и другите фактори на ризик – додава Вебстер.