Славата и парите често одат заедно. Во годината што е прикрај, најдебела сметка во банките во Холивуд имал Џорџ Лукас, режисер на култниот научнофантастичен серијал „Војна на ѕвездите“, со 5,4 милијарди долари.
Иако овие филмови се гледаат речиси четири децении, главната причина за ова големо богатство е продажбата на „Лукас филм“ на компанијата „Волт Дизни“ за 4,1 милијарда долари во 2012 година, објави „Форбс“.
На второто место е режисерот Стивен Спилберг со 3,7 милијарди, а најдобро рангирана од жените е водителката Опра Винфри, која е трета на списокот со 2,8 милијарди долари.
На четвртото место е кошаркарот Мајкл Џордан, со 1,7 милијарда, кој своето богатство дополнително го зголеми со продажба на брендирани патики.
На листата на најбогати се најде и Кајли Џенер со 900 милиони евра, која може да стане најмладиот милионер што кога било се појавил на овој список. Дваесет и едногодишната Кајли заработува само благодарение на социјалните мрежи каде што ја следат над 180 милиони приврзаници.
Петтото место Кајли го дели со Џеј Зи, чие богатство, исто така се проценува на 900 милиони евра. Тој ги поседува империјата на забава „Рок нација“ и стриминг-сервисот Тодал.
По овие петмина богаташи, следуваат: Дејвид Коперфилд (875), Пи Диди (825), Тајгер Вудс (800) и Џејмс Патерсон со заработка од 800 милиони долари.