Русија е подготвена за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп во унгарската престолнина Будимпешта ако е добро подготвена и врз основа на договорите од средбата на двајцата лидери во државата Алјаска, објави Министерството за надворешни работи во Москва.
Трамп и Путин се сретнаа на 15 август во Енкориџ, Алјаска. Двајцата требаше да разговараат во Будимпешта минатиот месец, но нивната средба беше откажана.
– Контактите меѓу министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе продолжат доколку е потребно – објасни портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.


































