Вечерва, со почеток во 20 часот, во Музејот на градот Скопје, ќе биде отворена изложбата: „Скопје пред 8 милениуми 2: првите керамичари од Церје – Говрлево“ и ќе трае до 31 јануари следната година.
Во рамките на изложбата низ повеќе илустративни паноа и археолошки предмети ќе биде обработена темата за раните керамички садови во Република Македонија преку керамичкиот материјал од Церје – Говрлево. Станува збор за поголем број експонати од раниот, средниот и доцниот неолит, односно периодот меѓу 6000 и 5300 г. пр. н.е.
Меѓу другото, за оваа пригода е изработено и печатено издание во кое свое место имаат пет труда поврзани со различни прашања од раното керамичко производство низ целиот свет и Балканот, со посебен осврт на материјалната култура од споменатиот локалитет.