На Филипини бројот на жртвите од тајфунот Фунон се искачи на 25, додека 29 се повредени, а двајца се водат како исчезнати, соопшти Националната служба за цивилна заштита.
Најголем број – 19 загинаа во административниот регион Кордилера, тројца во Кагајан, додека по еден се пријавен во Бикол, Западен Висајас и Источен Висајас.
Супер тајфунот погоди повеќе од 2,4 милиони луѓе.
Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос помладиот нареди континуирани спасувачки операции, давајќи инструкции на сите владини агенции да останат во целосна готовност за бурата и да продолжат да ја следат ситуацијата.


































