Урсула фон дер Лајен / Фото: ЕПА

Европската  комисија започна со формирање на ново разузнавачко тело под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид за поуспешно користење на информациите собрани од националните разузнавачки агенции – објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Единицата што ќе се формира во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата планира да вработи службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.