Осум лица загинаа, а најмалку 24 се повредени при експлозија на паркирано возило во близина на метро станица до познатата Црвена тврдина во индиската престолнина Њу Делхи – објави „ПТИ“, повикувајќи се на официјални извори.
Експлозијата се случила во период на густ сообраќај и предизвикала пожар на неколку околни возила. Видео снимки на социјалните мрежи покажуваат големи оштетувања и искршени прозорци, а очевидци изјавиле дека на местото имало расфрлани делови од тела.
– Причината за експлозијата сè уште не е позната, а полицијата започна истрага – изјави портпаролот на локалната полиција Санджај Тјаџи.
Црвената тврдина (Лал Кила) е историски споменик од 17 век, една од најпознатите туристички атракции во Индија.



































