Автор: д-р Ратко K. Наумоски, инфектолог
Сезонскиот грип се јавува во постудениот дел од годината, односно во текот на есента и зимата и затоа овој период често се нарекува сезона на вируси.
Кога се вели „сезонски грип” се подразбира дека мислиме на акутна респираторна инфекција предизвикана од вирусот инфлуенца кој циркулира во сите делови на светот.
Постојат три типа на вирус инфлуенца (А, Б и Ц). Вирусите на инфлуенца тип А и Б предизвикуваат сезонски епидемии.
Постојат и подтипови кои се развиваат во рамки на типовите (А, Х1, Н1).
Сезонскиот грип се пренесува преку воздушен пат и затоа е многу заразен. Лесно се пренесува во затворени простории и колективи – канцеларии, училници, градинки.
Вирусот на грип е прилично агресивен, особено кон слузницата на дишните паишта.
Сезонскиот грип е најризичен за деца помлади од 5 години, особено оние помлади од 2 години. Исто така загрозени се и лица постари од 65 години, трудници, жители во домови за стари лица и оние кои боледуваат од хронични заболувања.
Карактеристично на симптомите на грип е тоа што тие се појавуваат ненадејно и речиси истовремено, за разлика од настинката каде што се појавуваат постепено.
Температурата почнува да расте, се појавува замор, главоболка, болка во цело тело, течење и затнат нос, кашлица, губење на апетитот, отежнато дишење, а кај децата често се јавуваат стомачни проблеми, дијареа и повраќање.
Исто како и другите вирусни инфекции, антибиотици не се препорачуваат за грип.
За третман на грип се препорачува одмор и зголемен внес на течности.
Високата температура треба да се намали кога ќе надмине 38,5 Целзиусови степени. Кај грипот најчесто се дава симтоматска терапија, препарати кои ќе го зголемат имунитетот, антипиретици, спрејови за затнат нос, експеторанcи и витаминска терапија.
Светската здраствена организација препорачува и годишна вакцинација како заштита од сезонскиот грип.
Вакцинирањето се препорачува за:
– Бремени жени во која било фаза на бременоста;
– Деца на возраст меѓу 6 месеци и 5 години;
– Сите луѓе на возраст над 65 години;
– Лица кои страдаат од хронични заболувања;
– Здравствени работници.
































