Фото: Принтскрин

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска положи венец во мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција, за време на неговата посета на Анкара.

Мерц се потпиша во книгата на сеќавања, поздравувајќи го Ататурк за воведувањето на нова „ера“ при основањето на турската република пред 102 години.

– Неговите идеи продолжуваат да имаат влијание и денес во длабоко вкоренетото пријателство меѓу Сојузната Република Германија и Република Турција, напиша германскиот лидер.

Мавзолејот е еден од најважните симболи на модерна Турција.

Мерц, кој ја презеде функцијата во мај, се очекува во попладневните часови да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да разговара за мировните напори во Газа, војната во Украина, како и за соработката во одбраната и миграцијата.