Излезеноста на локалните избори до 13 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13 часот се пристигнати податоци од 3.207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1.666.298, а од нив гласале 335.244.
Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31.
– Најголема излезеност има во Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива палнка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто, додека најмала излезеност е регистрирана во Босилово 12,96 отсто, Врапчиште 7,23, Гази Баба 18,97, Гостивар 11,66, Дебар 13,87, Желино 17,19, Јегуновце 17,50, Маворово и Ростуше 14,45, Пласница 18,88, Радовиш 17.97, Струга 16 и Шуто Оризари 13,76 проценти – информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.
Во Град Скопје излезеноста е 20,07 отсто или по општини: во Аеродром 20,63, Бутел 20,69, Гази Баба 18,97, Ѓорче Петров 19,67, Карпош 21,69, Кисела Вода 20,89, Сарај 21,18, Центар 22, Чаир 19,17 и Шуто Оризари 13,76 отсто.
– На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 13:00 часот, излезеноста во Скопје била 20,76 отсто – истакна Тодоровска Алексовска.