Медицински совет
За деменцијата сè уште не е најден лек, но креатинот дава ветувачки резултати. Секојдневното земање креатин кај болните од Алцхајмерова болест донело мерливи подобрувања на паметењето, вниманието и способноста за решавање проблеми. Креатинот, додаток во исхраната што веќе со децении се поврзува со зголемување на силата и издржливоста кај спортистите, би можел да има сосема нова примена – подобрување на когнитивните функции кај лица со Алцхајмерова болест.
Креатинот е природна супстанција што нашето тело ја произведува во црниот дроб, бубрезите и во панкреасот, а во најголема мера се чува во мускулите и мал дел во мозокот. Неговата главна улога е да осигури брз извор на енергија за клетките – особено за време на кратки и интензивни активности како што се спринт или кревање тегови. Но сега се покажа дека може да помогне и во заштитата на мозочните функции. Научниците од Универзитетската медицинска установа во Канзас спроведоа првична клиничка студија за земање креатин-монохидрат кај заболени од Алцхајмерова болест – и резултатите се ветувачки.