Фото: Пиксабеј

Автор: Д-р Моника Грашеска

Во периодот на бременоста кај жената доаѓа до намалување на одбрамбените механизми на телото поради хранење на плодот и на тој начин имунолошкиот систем е послаб, па бремените жени многу често се склони кон настинка. Меѓутоа доколку настинката е пропратена со кашлица и растечен нос, со соодветен одмор, земање на витамини и пиење на топли напивки состојбата ќе се подобри побрзо. Но доколку е вироза проследена со висока температура, болка во мускули и главоболка, потребно е да се посети лекар.
Со употребата на лекови треба да бидеме особено внимателни за време на бременоста, па наместо таблета можете грлото да го испираме со чај од жалфија неколку пати во текот на денот, а дополнително можеме да користиме и спреј со морска вода за испирање на носот.
Совети кои ке би помогнат за да се подобри состојбата е повеќе одмор, пиење многу вода, инхалација со солен раствор по потреба, јадење овошје и зеленчук и дополнително внесување на Ц витамин.
Во кои овошки и зеленчуци може да се најде најголема концентрација на витаминот Ц:
-Лимонот, кој обезбедува дури 83 милиграми на Ц витамин односно 92% од дневните потреби. Исто така делува и како антиоксиданс во телото и го подобрува имунитетот.
-Брокулата исто така е богата со витамин Ц за подобар имунитет и има улога во намалување на ризикот на срцеви заболувања.
-Пиперка која има 3 пати повеќе Ц витамин од портокалот
-Зелка, компир, киви итн.
Прошетката и излегувањето на чист воздух исто така е од голема важност и здравјето и на бремената и на бебето.
Доколку жената има отежнато дишење, сува надразнителна кашлица може да направите влажнење на воздухот по природен пат со поставување на сад со вода на радијаторите во просторијата, и на тој начин да помогне во разредување на секретот и да направи ослободување на протокот на воздухот на дишните патишта. Влажната слузокожа на носот штити од вируси, за разлика од сувиот воздух кој придонесува појава на иритации и интекфии.
Исто така може да помогне испирање на грлото со помош на домашен солен раствор кој се прави на тој начин што во една чаша се става топла вода и една лажичка сол. За да се зголеми ефектот во испирањето на грлото може да се додаде и малку сок од лимон. Со ова можете да правите гаргара неколку пати во текот на денот.