Кремљ денеска соопшти дека се надева дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Појасот Газа ќе биде имплементиран и дека ќе даде поттик за воспоставување мир на Блискиот Исток – oбјавија британските медиуми.
Доналд Трамп успеа да ја добие поддршката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за мировниот предлог во Газа, но сè уште не е јасно дали Хамас ќе го прифати.
Во телефонски разговор со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „Русија секогаш ги поддржува и поздравува сите напори на Трамп да ја запре актуелната трагедија (во Газа). И секако, се надеваме дека планот ќе биде имплементиран со цел мирно решавање на настаните на Блискиот Исток“.
Русија ги критикуваше воените операции на Израел во Газа во последните две години, по продлабочувањето на односите со неговиот вечен соперник Иран. Москва долго време инсистираше дека решението со две држави е единствениот пат за решавање на конфликтот на Блискиот Исток.