Знаменитостите на Македонија

  • Наследниците на Александар Велики – особено Селеукидите и Птоломејската династија, го усвоија и широко го применуваа слонот како клучно ударно оружје во нивните армии. По мировниот договор меѓу Селеук Први и индискиот крал Чандрагупта Маурија во 303 година пред нашата ера, Селеук добил 500 индиски воени слонови во замена за територии на северна Индија. Овие слонови станале основа на селеукидската ударна единица, користена во битки како кај Ипс (301 година пред нашата ера) и Магнезија (190 година пред нашата ера). Подоцна Селеукидите ги измешале индиските со западноафрикански и северноафрикански видови за да го одржат постојното стадо слонови

Македонците првпат виделе воени слонови во текот на походот на Александар Македонски кога македонската фаланга се соочила и ги победила индиските слонови во битката кај Хидасп во 326 година пред нашата ера. На брегот на реката Хидасп, армијата на Александар се судрила со воените силите на кралот Пор од Индија. Александар не вовел индиски слонови во својата армија поради неколку причини. Македонската воена култура била насочена кон брзина, флексибилност и координација, а логистичките потреби и психологијата на тешките животни претставувале непознат предизвик за македонските трупи. Меѓутоа по смртта на Александар, неговите наследници ги вовеле воените слоновите како составен дел од нивните армии, како што се индиските слонови на Селеук Први. Во вековите по смртта на Александар слоновите служеле како разорна сила, но биле тешки за одржување, што влијаело на нивната ограничена употреба.

Наследниците на Александар Велики – особено Селеукидите и Птоломејската династија, го усвоија и широко го применуваа слонот како клучно ударно оружје во нивните армии. По мировниот договор меѓу Селеук Први и индискиот крал Чандрагупта Маурија во 303 година пред нашата ера, Селеук добил 500 индиски воени слонови во замена за територии на северна Индија. Овие слонови станале основа на селеукидската ударна единица, користена во битки како кај Ипс (301 година пред нашата ера) и Магнезија (190 година пред нашата ера). Подоцна Селеукидите ги измешале индиските со западноафрикански и северноафрикански видови за да го одржат постојното стадо слонови.

Птоломеј Први, првиот египетски фараон од македонскиот род, увезе индиски слонови и во прво време ги чуваше во Мемфис. Во текот на Птоломеј Трети и подоцнежните наследници, бројот на воените слонови во Египет се искачил на неколку стотини. Антигонидите, македонска владетелска династија, по примерот на Селеукидите ги прифатиле воените слонови, но помал број поради тешкотиите на балканската територија. Според некои извори, во битката кај Киноскефале против Римјаните, Македонците употребиле околу 20–30 слона, но биле неутрализирани од римските маневри и дисциплина.

Воените слоновите функционирале како мобилен жив ѕид, единици што можат да ја пробијат фаланга и да нарушат непријателска координација. Тие создавале силен страв и паника кај непријателските војски, особено кај коњаницата, која тешко ги контролираше животните. Оклоп ги штитеше слоновите од стрелите и копјата, нешто што овозможувало пристапат поблиску до непријателските линии. Слоновите исто така беа симбол на моќ и пристап до богатствата на источните региони, а ова го засилило и легитимитетот на Селеук и неговите наследници. Интеграцијата на индиски воени елементи го збогатила македонскиот модел на војување, а присуството на слоновите им овозможило на наследниците на Александар да ја покажат својата способност во сплотувањето на македонската традиција со источните обичаи. Д.Ст.


Воен слон

Воениот слон може да биде голем азиски или африкански слон, кој е темелно обучен и опремен за директно учество во битки како мобилна тврдина или шок-единица на бојното поле. Во древна Индија, локалните град држави применувале слонови уште пред Мауриското Царство. Трудот „Арташастра“ детално ги опишува селекцијата, тренингот и оклопувањето на слоновите за војна. Во 326 година пред нашата ера, во битката кај Хидасп индискиот крал Пор ги поставил своите 130–200 слона во првите редови против армијата на Александар Македонски, што претставува прв голем судир меѓу македонската фаланга и воени слонови. Слоновите предизвикувале хаос и страв во непријателските редови со својата маса и бучава, меѓутоа одржувањето големи стада слонови наметнувало сложена логистика за храна, вода и ветеринарна нега.
Генералот Ханибал започнал марш кон Италија со околу 37 воени слона набавени од северноафриканските области на Картагина. Повеќето животни не го преживеале преминот поради ладното време, поради недостиг од храна и тековни судири со племиња и римски единици. Единствениот слон што успеал да преживее бил наречен Сурус („едноокиот“). Според извештаите, тој станал омилен меѓу војниците и им служел како подвижна „тврдина“ и транспортно животно во текот на италијанската кампања.