Полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
– Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5.50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место – информираат од МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој врши увид на местото на несреќата.