НБА
Австралискиот кошаркарски бек Џош Гиди ќе остане во екипата Чикаго Булс, откако франшизата потпиша со него четиригодишен договор вреден 100 милиони долари. Договорот е загарантиран и нема опција за играч или клуб во последната сезона.
Гиди имаше најдобра сезона во кариерата со 14,6 поени по натпревар, осум асистенции и седум скока, а никој немал толку многу трипл-дабл во една сезона на Булс од 1980-тите и времето на феноменалниот и најдобар кошаркар во историјата на НБА-натпреварувањето, Мајкл Џордан.
Австралиецот, кој игра на позицијата плејмејкер, а е висок 203 сантиметри, треба да биде еден од главните играчи во Чикаго, а размената на Зак Лавин во Сакраменто отвори простор за него.
Гиди во текот на минатата сезона дојде во Чикаго од Оклахома во замената за Алекс Карузо. Г.И.