Фото: ЕПА

Шампионатот на кој учествуваат 24 селекции поделени во четири групи ќе го отвори дуелот Велика Британија – Литванија (12.30 ч), а титулата ја брани репрезентацијата на Шпанија

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА 42. ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА

Љубителите на кошарката од денеска до 27 септември ќе можат да уживаат во 42. издание на Европското првенство (ЕП), кое ќе се одржи во четири држави, Кипар (во Лимасол), Финска (Тампере), Полска (Катовице) и Летонија (Рига), а на кое ќе има кошаркари што играат во НБА-лигата. Шампионатот ќе го отвори дуелот Велика Британија – Литванија (12.30 часот).
Годинава четврти пат има четири земји домаќини на ЕП во кошарка, со по 24 селекции поделени во четири групи. Титулата ја брани репрезентацијата на Шпанија, која од актуелните учесници на ЕП 2025 ја има најдолгата серија настапи на европските собири во кошарка, вкупно 32, непрекинато од 1959 година. Таа на последното ЕП во финалето ја победи Франција (88-76), а трета заврши Германија, која беше поуспешна од Полска (88-69). Шести пат на ЕП ќе настапат 24 репрезентации, поделени во четири групи. Најдобрите четири селекции од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето. По групната фаза, сите дуели во нокаут-рундата ќе се играат во Рига.
Српската репрезентација е прв фаворит за освојување на златниот медал на претстојното ЕП, според Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА). Таа е во групата А и ќе игра во Рига со Португалија, Естонија, Летонија, Турција и Чешка. Во нивното соопштение се наведува дека, два дена пред почетокот на ЕП, Србија е сè уште на првото место, пред Германија, која е втор фаворит и Франција како трет. Потоа следуваат Грција, Литванија, Турција, Летонија, Италија, Финска, а дури на 10-то место Шпанија.
Две школи на размислување ќе се судрат на ова ЕП, а тоа е дали е подобро да се блесне на подготовките или тие резултати не значат ништо откако ќе започнат вистинските натпревари.

Три селекции ги завршија своите егзибициски кампањи со совршени резултати, вклучувајќи ги и фаворитите за титулата Србија и Франција, кои се надеваат дека нивните победнички низи се знаци на добри работи што следуваат. Србија ги помина своите пријателски натпревари со беспрекорен резултат од 7-0 во победи, додека Франција исто така импресионираше со пет победи од пет меча. Единствената друга непоразена екипа ова лето беше Финска, која ги доби сите четири тест-средби, предводена од суперѕвездата Лаури Марканен. Литванија и Германија исто така се надеваат дека добрите резултати од летните подготовки ќе значат нешто на ЕП. И двете загубија само по еден натпревар, Литванија регистрираше резултат од 6-1 со пораз од Турција, додека Германија загуби само од Србија со резултат од 5-1. Актуелниот шампион Шпанија започна со пораз од Португалија, пред да ја победи Чешка два дена подоцна. По овие мечеви следуваа два пораза во низа, дома и на гости од Франција и Германија со резултат од 1-5.

Словенија, исто така, ги заврши подготовките со резултат 1-5. Балканскиот тим ги загуби првите четири меча, вклучувајќи го и поразот на Лука Дончиќ поради повреда. Во меѓувреме, Грузија го регистрираше најлошиот резултат од подготовките со 0-6, а само Кипар со резултат од 0-2 не успеа да победи.
В сре­да се нат­пре­ва­ри­те Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја – Ли­тва­ни­ја (од 12.30 ч.), Че­шка – Пор­ту­га­ли­ја (13.45 ч.), Цр­на Го­ра – Гер­ма­ни­ја (15.30 ч.), Ле­то­ни­ја – Тур­ци­ја (17 ч.), Швед­ска – Фин­ска (19.30 ч.) и Ср­би­ја – Есто­ни­ја (20.15 ч.). Пр­во­то ко­ло тре­ба да се за­о­кру­жи в че­твр­ток со сред­би­те Гру­зи­ја – Шпа­ни­ја (14 ч.), Изра­ел – Ис­ланд (14 ч.), Бел­ги­ја – Фран­ци­ја (17 ч.), БиХ – Ки­пар (17.15 ч.)), Гр­ци­ја – Ита­ли­ја (20.30 ч.) и Сло­ве­ни­ја – Пол­ска (20.30 ч.). Г.И.