Фото: ЕПА

Победата секогаш е убаво чувство и дефинитивно кога има награда како црвената маичка, секако дека е убав подарок. По мојот пад на Тур де Франс, навистина бев разочаран што не успеав, рече Филипсен

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Белгискиот велосипедист Јаспер Филипсен (27) ќе ја носи првата црвена маичка на годинашната грантур-трка Вуелта (Шпанија), откако победи во воведната етапа (од вкупно 21) во спринт-завршница. Ова е првата етапна победа на Филипсен од првиот ден на отворањето на Тур де Франс во јули, два дена пред скршената клучна коска да го исклучи од остатокот од трката. Тој победи пред Итан Вернон (исто време) од Велика Британија и Орлуис Аулар (исто време) од Венецуела, пишува „Би-би-си“.
– Победата секогаш е убаво чувство и дефинитивно кога има награда како црвената маичка, секако дека е убав подарок. По мојот пад на Тур де Франс бев навистина разочаран што не успеав – рече Филипсен.
Годинашната Вуелта шести пат почна надвор од Шпанија, а првпат во Италија, претежно се рамно возење од 186,1 км од Торино до Новара. Италијанецот Алесандро Вере ги освои бодовите за „Крал на планините“ на единственото категоризирано искачување на денот во Ла Сера.
И втората етапа вчера се возеше во Италија, во должина од 159,6 км. Вкупната должина на 80. издание на Вуелта е 3.151 км. Четирикратниот победник на Тур де Франс, Словенецот Тадеј Погачар, не се натпреварува на годинашната трка, бидејќи се фокусира на Светското првенство во септември, пишува „Би-би-си“. Г.И.