По несреќа со мотор почина Душко Чифлиганец, заменик-претседател на „Адора бизнис групација“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец.
Несреќата се случила вчера попладне на мото трка во Брно, Чешка.
Тој паднал од мотор во Чешка, од што се здобил со сериозни оштетувања на главата.
Несреќата се случила вчера попладне, и неофицијално, повеќе од 24 часа се борел за живот во болница во Чешка.
По падот од моторот, 32-годишниот бизнисмен бил во кома поради сериозни повреди на главата, по што вечерва им подлегнал на повредите, јавуваат повеќе медиуми.
Младиот Чифлиганец освојуваше престижни награди за спортски моторциклизам, што му беше пасија.
Душко Чифлиганец живееше во Дубаи и беше познат како љубител на мотоспортови.