Пишуваме и цртаме за Скопје
Скопје, радост ти ќе бидеш
Скопје, ти ќе бидеш цвет
Ти ќе бидеш израз свиден
На сѐ братско на овој свет.
Овие стихови за Скопје на писателот Бошко Смаќоски нема кој не ги знае. Во нив е содржана историјата на градот. Колку ли пати е разурнатн и повторно издигнат? Последен пат по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. И пак, како феникс се кренал од правот и гордо го носи епитетот град на солидарноста. Во тоа време светот ги покажал својата хуманост и несебичност и Скопје се изградило како модерен и современ град. Оттогаш тој смело гази напред, но старите градби, обележја грижливо ги чува и обновува.
Скопје отсекогаш било мешавина на старото и новото и дом на сите вери и националности. Секој што поминал низ раскрсницата на која се наоѓа градот, оставил по нешто свое – вредно за спомен. Во тоа се состои убавината на овој град. Егзотичноста на старата чаршија, старите занаети, дуќани и градби, калдрмата, сето тоа прави местото да дише со неповторлива енергија.
Камен мост што неразделно ги поврзува левата и десната страна на Вардар е споменик и паметник на сите случувања на гардот, лоши или добри. А реката Вардар тивко шумоли и ги прераскажува старите приказни запишани низ вековите. Шармот на старо Скопје се прераскажува и денес. Стариот театар, Офицерскиот дом (сега обновени, н.з.), корзото, старите маала, со неповторлива магија живеат во спомените. Трендот на боемството преку старите скопски кафеани, модата и културата отсекогаш бил составен дел од живеењето на Скопје.
Но модерниот и современ начин на живот го направиле своето. Новите градби, современите трговски центри, широките булевари… му дадоа на гардот нов изглед. Скопје како метропола е принудено да ги следи потребите на многубројното население што живее во него и да наоѓа соодветни решенија, со цел животот да биде полесен и поедноставен.
Неизоставен дел на Скопје е и планината Водно, место за релаксација и рекреација, сега со нова жичница таа е навистина атрактивно место за сите љубители на природата. Уживателите во современото живеење можат секојдневно да уживаат во кафулињата и голем број културни настани што се случуваат во градот.
Затоа, Скопје сега е атрактивно место за живеење, а можностите што ги нуди се дополнети со добрината и гостопримството на луѓето. Скопје е нашиот дом, а домот е симбол на нашето свето. Затоа мораме да го чуваме!
Кристина Грнчаровска, осмо одделение
Од книгата „Јас и мојот град“ на Фондацијата
„Никола Кљусев“.
Од детски цртеж до мурал на фасадата на ООУ „Стив Наумов“ во Автокоманда
Пред две години по повод патронатот на ООУ „Стив Наумов“ од Скопје, 75 години посветени на образованието, училиштето распиша ликовен конкурс на темата „Среќно детство во мојот зелен град“. Победи ученикот Никола Тоневски, а неговиот цртеж, посветен на родниот град, наскоро осамна како мурал на еден од ѕидовите на училишната зграда..