Фото: МВР

Вкупно 29 пожари имало на отворен простор до 7 часот изутринава, од кои десет биле активни, три се ставени под контрола, а 16 се изгаснати. За најновата состојба со пожарите во Македонија, официјални информации од Дирекцијата за заштита и спасување најавија информации за околу 14 часот.

Десетте активни пожари се во: Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, друг крак према с. Градешница и трет према граница со Р. Грција (мешана шума); Општина Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен; под контрола делот меѓу с. Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација); Општина Македонски Брод 1 – с. Црешнево (ниска вегетација); Општина Македонски Брод 2 – меѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација); Општина Штип – меѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева); Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума) и Општина Струмица – м.в. Три Води (вегетација).

Под контрола се ставени три пожари и тоа: Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева); Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија) и Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума).

Изгаснати се 16 пожари и тоа во Општина Шуто Оризари – кај општината (ѓубре); Општина Прилеп – кај Касарната (ѓубре и сува трева); Општина Ресен 1 – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација); Општина Ресен 2 – с. Прељубје (сува трева); Општина Македонски Брод – с. Латово (мешана шума); Општина Кочани 1 – с. Нивичани (ниска шума и сува трева); Општина Кочани 2 – кај ДООЕЛ „Стоименов“, Кочани (сува трева); Општина Кочани 3 – с. Мојанци (стрниште и сува трева); Општина Куманово – с. Романовце (сува трева); Општина Липково – с. Никуштак (сува трева); Општина Гостивар – автопат Гостивар-Тетово, кај Бунар Петрол (сува трева); Општина Старо Нагоричане – с. Руѓинце и с. Орах (шума, сува трева и куќа); Општина Куманово 1 – н. Ристово трло (сува трева); Општина Куманово 2 – с. Романовце (сува трева); Општина Велес – ул. АСНОМ (сува трева) и Општина Росоман – помеѓу Росоман и Градско (сува трева).