Фото: Маја Јаневска Илиева

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го расчисти кривичното дело „убиство” од 11 јули годинава, кога во село Батинци, скопско, со пиштол беше убиен А.М. од село Батинци.

-Денеска (17.07.2025) до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Џ.М.(25) за сторено кривично дело ,,убиство” по член 123 од КЗ и Б.П.(35) за сторено кривично дело ,,убиство” по член 123 во врска со член 22 од КЗ. Б.П. е лишен од слобода и од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена,  додека Џ.М. се уште е недостапен за органите на прогон – соопшти попладнево МВР.