Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е потребна „веродостојна“ истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, убиен на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.
– Од особена важност е да има веродостојна истрага и казни за оние кои се виновни – изјави Гутереш на меѓународната конференција во Доха.
Тој не прецизира дали е за меѓународна истрага за убиството. Гутереш додаде дека не располага со конкретни информации за убиството освен оние што се во медиуми.
Минатиот вторник Турција соопшти дека води разговори со ОН за евентуална меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар.