Полицијата издала осум записници за констатирани прекршоци при контрола на четири угостителски објекти во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. При контролата легитимирани биле 36 лица, а при мерењето било констатирано нарушување на јавниот ред и мир.
– Врз основа на претходно изготвен план, викендов (на 12/13.07.2025) полициските службеници од СВР Куманово извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово. При контролата, извршено е легитимирање на 36 лица, а било извршено и фонометриско мерење, при што било констатирано нарушување на јавниот ред и мир по член 8 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. При контролата биле издадени 8 записници за констатирани прекршоци- информираше полицијата.