Фото: Принтскрин

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија синоќа со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност.

Пред гостите, амбасадорката Анџела Агелер испрати пораки за заедничка иднина.

– Стремежот кон посовршен сојуз ја повикува секоја генерација да се издигне, да се стреми кон повеќе и да гради иднина достојна на тие вредности, без разлика на предизвиците и кризите – порача Агелер.

Во говорот, амбасадорката нагласи дека годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу САД и Македонија.

На свеченоста беа присутни бројни претставници на владата, меѓу кои беше и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, гувернерот Трајко Славески и многу други претставници од граѓанскиот сектор и дипломатскиот кор во земјава.