Во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа промоција на книгата од академикот Љупчо Коцарев и писателот Ефтим Клетников, а промотори беа професорот д-р Трајче Стојанов и новинарот и поет Христо Ивановски. Издавач на книгата е „Матица македонска“, а пред присутните настапи и хорот „Елегија“ под водство на Валери Стефановски со песната Заветна. За време на промоцијата на книгата беше промовирана и нацрт-резолуцијата Меѓународен ден за осуда и спречување на геноцидот врз Македонците.



Конретно, книгата се состои од колумни и есеи на споменатите автори го разгледуваат неколку прашања кои го засегаат македонскиот национален идентитет, како што Преспанскиот договор и т.н. договор за пријателство со Бугариј која по својата сушност се контороверзни затоа што задираат во идентитетски прашања, нешто што е спротивно меѓунардното право и суверенитетот на македонската држава.
Во овој контекст е и воведот на споменатат книг во кои авторите Коцарев и Клетников нагласуваат дека Македонците во модерната европска цивилизациска ситуација се сами и осамени во него. Сепак, и покрај сè, тие го знаеле и го знаат и денес излезот од тој темен лавиринт на цивилизацијата што ги ништи и се на самиот излез од него, но тука, наместо невиниот црн бик во центарот на класичниот митски лавиринт, сега во модерниот ги чека ѕверот на цивилизацијата настрвен на нив: Преспа 2018, отсечување на македонската идентитетска глава од иродовскиот Брисел и танцот со неа на новата постмодерна ЕУ – Саломе во Брисел и во Атина.
-Сега, засега. А нејзиниот крвав танц со таа мартирска глава е закажан и во Софија. Којзнае следниот пат уште кај. Сеедно. Но Македонија и Македонците и понатаму постојат како „ремек-дело на траење“, на постоење дури и зад бескрајот и вечноста. Толку многу е неуништливо тоа Господово семе, таа генетика на македонското битие – пишува во воведот на книгата.
Професорот д-р Трајче Стојанов, еден од промоторите на настанот, пред присутните рече дека она што е особено важно и тука сака да го потенцира, нешто за кое и самиот во неколку наврати говорел и пишувал, а тоа го повторуваат и авторите на книгата дека договорите од Преспа и договорот со Бугарија се дел од ист план, исти стратегии, а тоа го констатира и академик Коцарев, според кого Преспанскит договор и Договорот со Бугарија не може да се разгледуваат одвоено. Оттука или двата договора ќе се почитуваат, нешто што ќе доведе до исчезнување на Македонците или двата договори ќе се негираат и раскинат – рече Трајче Стојанов.