Russian President Vladimir Putin
Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно и дека тоа е прашање на време.

– Ми се чини дека ова е неизбежно, и покрај сите трагедии кои сега ги доживуваме. Тоа е прашање на време – рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“.

Рускиот претседател призна дека не се чувствува како политичар кој одлучува за судбината на земјата и истакна дека сè уште „дише ист воздух како и милиони други граѓани на Русија“.

– Русија ги има сите потребни сили за успешно да ја заврши војната во Украина без употреба на нуклеарно оружје, без оглед на тоа колку е испровоцирана да прибегне кон тоа – додаде Путин.