Болна тишина беше присутна вчера во Кочани, низ која се пробиваа само звуци на тага и болка, лелеци на членовите на семејствата, на најблиските на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Цело Кочани, цела Македонија се прости од своите чеда и ги испрати во вечното почивалиште.
Градските гробишта во Кочани беа претесни да ги соберат сите присутни, кои пристигнуваа во поворки за да ги испратат трагично загинатите. Повремено се слушаа сирените на возилата на Итната помош, чии тимови им помагаа на оние на кои им се влошуваше здравјето. Реагираа и екипите на Црвен крст.
Во градот не работеше ништо.
Покрај во Кочани, погребни церемонии се одржаа и на повеќе други места во Македонија. Од членовите на бендот ДНК што починаа во пожарот, пејачот Андреј Ѓорѓиески е погребан на градските гробишта во Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев беше на градските гробишта во Струмица.
Во црквата во штипско Ново Село, телата на Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои беа дел од бендот ДНК, беа изложени од 9 до 11 часот, а во истото време телото на Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, беше изложено во црквата „Света Троица“ во Штип.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години
Министерството за здравство го објави списокот на загинати
Починатите во пожарот на возраст од 16 до 48 години
Министерството за здравство ги објави имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано наутро во неделата.
– Не постои збор со кој можеме да ги искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите и замолуваме да не се шпекулира со невистинитите информации – се наведува во соопштението на Министерството.
Оттаму изразија најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.
Во продолжение сe имињата на загинатите во пожарот во Кочани:
Стефанија Алексова (2004)
Јорданчо Џамов (1993)
Иван Трајчев (2000)
Џоко Ѓоргиев (2000)
Александар Коларов (1981)
Иван Величков (1998)
Андреј Стојанов (2000)
Ивона Антова (2003)
Павел Христовски (2004)
Диме Димитријев (1994)
Никола Насевски (2007)
Тоше Богданов (1994)
Тоше Тодоровски (1988)
Ана Коцева (2004)
Адријан Живков (2000)
Гордан Петрушов (2001)
Игорче Горгиев (1976)
Филип Стевановски (1988)
Томче Стојанов (2003)
Моника Стоименова (1999)
Стојанчо Стојанов (1988)
Capa Пројковска
Николовска (1977)
Марија Шопова (1997)
Петар Ивановски (2004)
Александар Ѓорѓиев (1991)
Матеј Марковски (2007)
Бојана Закова (1997)
Ѓорѓи Василков (1999)
Александар Петров (1999)
Драгана Минова (2008)
Capa Алексова (2006)
Андреја Ѓорѓиески (1982)
Филип Ивановски (2008)
Capa Јорданова (2007)
Марија Стрезоска (2001)
Александар Ефремов (1992)
Игор Велков (1980)
Лепа Тасева Стојковска (1998)
Мартин Атанасовски (1996)
Александар Алексов (1986)
Божидар Минов (2001)
Кети Милковска (1999)
Томас Златков (2003)
Стефанија Соколова (2005)
Леонид Велков (2007)
Надица Наунова (2007)
Виктор Јорданов (2000)
Андреј Панов (2000)
Димитар Иванов (2008)
Спиро Стоименов (1998)
Јове Владимиров (1993)
Ице Андонов (2003)
Стефан Тасевски (1988)
Ѓорѓи Величков (1994)
Александар Стојанов (1986)
Сања Христова (1999)
Дамјан Танески (2006)
Моника Спасова (1998)
Андреј Лазаров (1999).
Нека почиваат во мир.
Досега собрани 34.836.205 денари за настраданите во пожарот во Кочани
Црвениот крст соопшти дека се обезбедени вкупно 34.836.205 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Од Црвениот крст повикуваат и понатаму сите заедно да ги покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:
– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
– Донации со повик на телефонските броеви на „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“ 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
– Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Постхумно признание за Иле Гоцевски, возачот на Итната помош во Кочани
Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека постхумно ќе му биде оддадено признание на возачот на кочанската Итна медицинска помош, Иле Гоцевски, кој почина по напорниот ден во неделата превезувајќи повредени лица во пожарот во т.н. кабаре-клуб до здравствените установи надвор од градот. Според неофицијални информации Гоцевски трагичниот ден дури 11 пати превезувал повредени од пожарот од Кочани до Скопје. За жал по овој херојски чин неговото срце не издржа и тој почина во понеделникот.