Фото: Емил Јовановиќ

Ученици од четирите охридски средношколски центри, заедно со нивните професори, денеска се собраа на марш и собир на кој им одадоа почит на загинатите во големата несреќа во Кочани, во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Како што и беше најавено, тие се собраа во дворовите на училиштата, од каде се упатија кон Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, каде палеа свеќи, положува цвеќе пред параклисот и со молчење изразија сочувство до семејствата на настраданите во кочанската трагедија.

Самиот марш и собир е иницијатива на Сојузот на средношколци, што беше прифатена од сите средношколски установи од Охрид и помина според најавеното, без какви било пораки и официјални изјави.

Фото: Емил Јовановски
Фото: Емил Јовановски
Фото: Емил Јовановски