Фото: Пиксабеј

Истражувачите од канадската организација за човекови права „Ситизен лаб“ велат дека неодамнешните наоди претставуваат само еден аспект од тоа како шпионскиот софтвер на „Парагон“ се инсталира на мобилни уреди

Скандалот со шпионски софтвер „Парагон“ во Италија избувна откако Вотсап потврди дека израелскиот шпионски софтвер „Графит“, развиен од „Парагон солушнс“, бил користен заради шпионирање на најмалку 90 поединци, новинари и активисти. Откритијата предизвикаа бес во јавноста, што доведе до повици за официјална истрага и ја зголеми загриженоста за незаконското следење и слободата на печатот во земјата.
– Јавното известување ни овозможи да дојдеме до одреден број поединци во Италија, кои беа известени од Вотсап, но ве информирам дека тој број е речиси сигурно многу низок во споредба со вкупниот број случаи на „Парагон“ – рече за време на настан во Европскиот парламент во Стразбур Џон Скот-Рејлтон, висок истражувач во „Ситизен лаб“, организација за човекови права што истражува злоупотреба на шпионски софтвер од 2012 година.
На настанот, организиран од Зелените, учествуваа и Франческо Канчелато, главен уредник на „Фанпејџ.ит“.it и Дејвид Јамбио, борец за мигранти во Либија, кои беа и меѓу 90-те жртви потврдени од Вотсап во јануари, а кои беа цел на „Графит“, израелски шпионски софтвер направен од „Парагон солушнс“.
Тие откритија предизвикаа скандал што ја потресе Италија – дури имаше извештаи дека една од целите бил свештеник што има блиски односи со папата Франциск.

– Веруваме дека шпионирањето со помош на „Парагон“, што го откри Вотсап, претставува само компонента на начините на кои шпионскиот софтвер на „Парагон“ се става на уредите; и, веројатно, речиси сигурно има поголем број случаи на „Парагон“ во Италија и на други места, кои не добиле известување бидејќи векторот (т.е. методот што се користи за искористување на ранливоста) преку кој тој шпионски софтвер е ставен на уредот е различен, и затоа можеби не можел да го види Вотсап – продолжи Скот-Рејлтон.
Скот-Рејлтон, исто така, рече дека „Ситизен лаб“ форензички потврдила независно од Вотсап дека има инфекции со „Парагон“ меѓу италијанските граѓани. Тој додаде дека во наредните денови неговата организација ќе објави сеопфатен извештај за „заразените“.
– Четири месеци доживувам кошмар. Нашата работа е целосно ставена во мирување. Како да продолжиме оттаму ако дури и италијанската влада, каде што живеам, не реагира? – рече Јамбио, претседател и коосновач на бегалците во Либија.
– Италијанската влада не ми се јави. Тие не мислеа дека би било добро да се јават на една од жртвите и да прашаат што се случува – рече Канчелато, новинарот што е уште една од жртвите на Парагон.

– Тие само ни се закануваа мене и на другите новинари и членови на парламентот. Еден министер рече: „Не кажувајте дека сме шпионирале новинари и активисти или ќе ве тужиме“ – додаде Канчелато.
Недостигот од законодавно следење од страна на Европската комисија за шпионскиот софтвер, и покрај резолуцијата усвоена од Европскиот парламент и наодите на нејзиниот истражен комитет ПЕГА, продолжи да предизвикува критики.
Европратеничката Саскиа Брикмонт во четвртокот рече: „Ќе ги искористиме препораките и ќе продолжиме да ги притискаме комисијата, земјите членки и Советот да дејствуваат. Добро е што е тука полското претседателство. Важно е дека има отворање од комесарот Виркунен и сега треба да ја направиме Комисијата некако одговорна за преземање понатамошни активности“.
– Целта е да се изгради нова коалиција на европратеници што ќе работи на прашањето за нелегалното шпионирање и која ќе го обврзе ЛИБЕ (Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП), но можеби и во другите комисии да работат заедно и да имаат меѓупартиски, меѓугрупен пристап – додаде Бримонт.