Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки во историјата, олимпискиот стипендист Дарио Ивановски (27), забележа нов одличен настап. Тој на Балканското првенство (БП) во полумаратон, кое се одржа во Атина (Грција), го освои второто место. Ивановски ја истрча делницата долга 21,097 километри во време од 1:05,19 час, што беше доволно да се закити со сребрен медал. Македонскиот маратонец на Скопскиот атлески маратон одржан во 2024 година го освои третото место со време од 2:16:26 часа. Г.И.