ФОТОВЕСТ
Традиционално и годинава, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерација во градот, организираше креативна работилница за деца.
Учениците од 5-a oдделение со нивната одделенска наставничка Ружица Маноска вредно работеа и изработија осмомартовски честитки. На настанот присуствуваше и претставничката на рускиот конзулат Елена Обухкова, како и наставничките Весна Симоноска и Клеарета Ѓорческа.
Ф.Д.