„Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, која ја доделува фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ова го реши комисијата во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на фондацијата).
Насловот на победничкиот роман ќе биде соопштен на прес-конференција на 14 март (петок), кој ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.
На конкурсот за наградата „Роман на годината“ годинава се пријавија 43 романи, а жири-комисијата преку неколку селекции стигна до најтесниот избор. Една од спецификите на годинашниот конкурс е фактот дека во најтесниот избор влегоа романи напишани од авторки, што е своевиден куриозитет во историјата на наградата. Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 26. пат, а свеченото врачување ќе се одржи кон средината на мај.