- Македонија ги чува вредностите, а религијата и црквата помагаат. Ако традицијата е скршена вазна, жената е лепак. Жените се империја – океани, маси, мешања и раси, армија од 4 милијарди, победник над примитивизмот и сатанизмот
- А против мојава конзервативна главурдина, која светот го гледа како исцрпен, мутавизуелен и бесфилозофен – променете го!
Кои се жените? Мајка ми, жена ми, сестра ми, двете ќерки, внуките, за мене ете тие се. Раѓањето е зора. Бидување. Жената е мерка за живот и прогон на убавината. Верата е фемина. И пред жените имало феминост – жената е примордијалност. Жената е принцип. Жената е маг. Гледа невидливост. Има три особини: интуиција, одлучност и адаптација. Купи мудрост од старите жени. Зошто има повеќе жени од мажи? Опстанок при катастрофи и изумирања. Во мојата медицинска пракса бев фрапиран како муслиманите кај нас се грижат за својата мајка или сестра и колку плачат кога ќе ги изгубат. Ги сакаат повеќе од себе… божествен корански абер – архетип. А оние во Авганистан и во Пакистан – талибанците? – Обратност, ги тепаат, мачат, убиваат, а школувањето е забрането (читајте ја малата нобеловка Малала). Погрешно разбран ислам. Во Истанбул уметникот Вахит Дуна на ѕидовите од една голема зграда закачил женски чевли, од жртви што се убиени од своите сопрузи. Босфорот е гробница на жени. Ердоган, мултимилијардер, го потисна кемализмот со џихад. Владее вештачка дегенерација (Рене Генон). Иран некогаш беше висока цивилизација (имав пријатели) и жените студираа медицина и атомска физика. Сега? – Какво студирање… повеќето леб немаат, ама водачите за атомски бомби и ракети душа даваат. Од каде пари? Олигарси. Мангупи, УСАИД, биткоини, служби, мафи-ортаци… Парите се ајкули. Иран и Саудиска Арабија финансираат џихадизам, трговија со жени, оружје и инфилтрацијата кај нас (Албанија, Македонија, Косово, Европа итн). А Саудиска Арабија – мирољупци? Уште сечат глави на жени за прељуба, а и на хомосексуалци, иако врие кај највисоките слоеви и широко.
Европа – бетер – со нацизам! Европејките сега фамилии оставаат. Полудеа! Збеснаа! Причина? – Секс, страст, „изгор“ и пад на евромажот. Има и култови, опасни, а ЕУ џихадизира. Добива нервен слом од Украина, Трамп и арапизмата. Европизмата клечи пред џихапизмата. Сепак, жените ќе водат револуции. Ќе доминираат ли? – Не, не. Но во лидерството – полека, а во технологијата нагло ќе одат нагоре. А роботи… остави сега. Денес крајно десни лидери се жени. Зошто? – Барање себеси и нова езотерика – од антиката ја префрлаат во иднината. Дали знаете дека Француската револуција ја почнаа жени – мит за Мариана, памфлети, клубови, марш на Версај, убиство на Мара? Покрај „салониерките“ (поддржувачи на Русо, Волтер, Кондорсе, Јакобинците и други), истакнати се Жермен де Стел, Олимпија де Гуз, Паулин Леон, Теруан де Мерикур, Мадам Ролан итн. А комунизмот и социјализмот? Иако мислам дека комунизам никогаш не постоел, она со тоа име го основале жените (комуна – заедница, дома). Париската комуна ја воделе клубови и синдикати на жените.
Една лидерка (communierres) е Елизабет Дмитриеф, ќерка на аристократ од Русија и пријателка на Карл Маркс,која му пренела детали и тој ја креирал идејата за „комунизам“, па велел: „Париз е работа, мисла, борба и крв“. Ве потсетува ли на постмодернизмот? Вера Засулич е прв идеолог во Русија, но Ленин ја тргнал настрана. Истакнати социјалистки и борци се Клара Цеткин (креаторка на 8 Март), Александра Колонтаи, Герда Линдерот, Инеса Арманд, Роза Луксембург, снајперистката Лудмила Павличенко, хероината Зоја, Бугарката Елена Лагадинова, Кинезинките Хе Гзианкинг, Сунг Чинг Линг, Ванг Хуиу и голем број наши партизанки (книги на Мајк Табер, Кристин Томас, Кристен Гадси). Што мислите, која популација е најмалтретирана – Евреите, Ерменците, Африканците…? Не, не – жените! Убавина во крв и хорорфилија. Холо-хорор! Оправдувања – никогаш! А, Еврејките стоеја и горе и долу, долг егзодус од почитувана нискозност. Мажите (фундаменталните) во облеката се чудни, но не и во бизнисот, а жените се суперелегантни. Има и жени рабини. Потеклото на Евреинот е мајката. Високото школство е револуција. Љубовта нема религија, но има верски конфликти. Евреите со христијанството ги укинале класите, а Рим збеснал. Жените секогаш биле класа и каста. Класите се вечен код. Израелките денес играат друг „филм“ – на „Евровизија“ не знаеш која е жена, а која не. Се менува – од куќа, Хомерична, хероина, револуционерка до космонаутка. Од утилитарност до егзекутивност.
Зборувавме за статус и отпор, а сега за важност и цивилизација. Е па, за кого се важни жените? За сите, за целиот свет, за нас, за опстанок, за живот, за иднина, за Господ! Жената е светлина, љубов, живот, лек, вера и икона – Богородица, Св. Ана, Марија Магдалена, Петка, Недела, Елизабета, Елена, Абигеа, Јоана, Филомена, Олимпијада, Дева Марија од Фатима…. Амин. Господе, чувај ги жените и читателите! Нема една цивилизација – стотици, но малку ги ценат жените. Дотераните „господа“ во светски собирници од третиот свет што цимолат и плачат за „немоќните“, џихадистите, а и „нафташите“, кон жените кај нив се бедни. Проверете. Беа со нас и од нас (неврзани). Декларацијата од Пекинг (25-годишнина) кажува дека две третини од жените се под диктатура, 600 милиони – загрозени, а исчезнати се над 100 милиони годишно (нобеловецот Сен). Дури и во развиени земји се несигурни (здравство, безбедност, социјала). Над 2.300 деца исчезнуваат дневно во САД. Кај нас цивилизацијата дојде „со комунистички чекан“ во 1945 година, со вечерни школи, факултети, болници, а жените станаа рамноправни. Сепак, сега владата има само 13 отсто жени, а Руанда има 61,3 отсто жени во парламентот. Еееее… повик на дивината и лет под Африка.
Жената е спектар на функции – маги, императорки, воинки, хероини, револуционери, филозофки, професорки, писателки, гатачки, божества, домаќинки, робинки, филмски ѕвезди, работнички, проститутки, макроа, писателки, пилотки, космонаутки, физичарки и нобеловки. Жените се империја на формата. Немало многу економистки, но тие се консумација – грижа е консумација. Мажот е талкач, надвор, егзобитие, а жената е останувач, тукабитие. Жена прави група, стадо и прва населба. Во модернизмот жената добива маскулини особини (егзобитие) и така се смалува популацијата, а растат примитивните.
Проституцијата е урбаност. Дојде со појавата на парите, злато, моќта и близината. Човек и дух станаа роба. Бог простува, а родител не. Пријателите мислат дека е нормално, а јас се ужасувам. Ниско. Дно. Велат дека сум глупава комуњара. Ејјј… а дали би сакале ќерките да им бидат проститутки? При патување, на излез од Софија видов километарски редици на девојки, испиени, болни, одрпани, никакви – од „транзицијата“. Џанкираат. Кој ли идиот ги сака? Малолетните фркаа со УНПРОФОР (модел на идна ЕУ-армија), а „кукли“ – со политичари. Затворот е ист како студентски дом. Ладно. Фрк – за кока. Фрк со докторот, за метадон. Цајкан не бира. Има висококласни, уличарки, крипто и шпионки. Во Лондон велат половина жени „среќно омажени“ работат „парттајм“ по работа, а мажите „дремат“ во друга соба. Цуца со дедо – туѓа жена е. Баба со „прч“ е стренџерка. Куртизана не гради, но информира. За џган во Шпанија читајте го нобеловецот Села. Французинките беа „макси“ за време на Наполеон кога загинале милион мажи, па Руските војници „работеа“. Русинки, Полјачки, Украинки и други од блажениот Исток целиот среден век, а и сега ја „опслужуваат“ Европа. Сите си личиме, зар не? Некогаш на село, без струја во штала сите заедно… Во Европа им досадија жените и свингот, па бараат мажи или друго. Познати шпионки се Бојд, Норвуд, Нарвил, Нур-Кан, Веик, Фу Хао, Ајсин Гјоро, Зенг Пингру, „ханитрап шпионки“, Ана Чапман, Ана Монтес и фамозните Џозефин Бејкер и Мата Хари. Шпионажа без секс е илузија. Во кинеското разузнавање главен фактор се жените. Жените имаат раководни места во американската армија и разузнавање, а во Израел жените се војници и агенти. Најважни разузнавачки фактори се парите, кјубитите, вирусите и жените. Модернизмот креира бизнисменки – остри, адреналинки, грабливи, незаситни, амбициозни, агресивни, борци и успешни. Но Македонија е уште во полузатишје. Убаво е тоа затишје, жена религиозна во класичен свет. Антиката е изворот – иницирање, езотерика, возвишен ум – шамани – кинески, руски, тунгузиски, корејски. Трите најголеми императори во поновата историја се Елизабета I, Викторија и Катерина Велика. Произлегоа од судири за престолот и со визија дека светот е едно. Културата е моќ. Жените во антиката го знаеле тоа и биле симболи на моќта, империјата, силата, плодноста, откритието и мудроста. Месопотамиските кралици Пуаби, Кубаба, Енхедуана (ќерка на Саргон Велики, маг, градител, столб на империјата), Семирамис, Амитис, Саму-Рамат, Серуа, Артемиса граделе цивилизации. Египетските кралици излезени од невидени сплеткарења се сила, моќ и култура – Мернеит, Хасепчет, Тие, Собекнеферу, Нефертити, Нефертари, Ахотеп, Клеопатра I, Клеопатра VII (која ја знаеме). Светот ќе беше друг без нив. Во Грција повеќе биле божици од кралици. Во средниот век жените биле магови, алхемичарки, астролози, дворски советнички, свештенички, љубовници, куртизани, воинки, хероини, хербалистки и исцелителки. Гатачките гледаат – фаца, ум и пари. Неколку славни жени се Жана Д’арк (Јованка Орлеанка), Елеонор од Аквитана, Хилдегард, Тереза од Авила, Марија Валторта, Матилда од Тоскана, Енде-Илуминаторка, Теодора (императорка), Вероника, Лукреција (интригаторка), Мадам де Помпадур, Ла Павиа итн. Огромна е листата на филмски ѕвезди, спортистки и селебрити. Што правиме со Aufseherin – злочуварки во конц-логорите? Тоа не е жена, тоа е болест на жената. Денес жената е сѐ што и мажот, дигитален објект, лидер, инфлуенсер, футурист.
Пред некој ден беше промовирана книгата „Се викам храброст“ од повеќе автори, прикажана и во „Нова Македонија“.
Не одам во детали. Кратка енциклопедија на македонската жена – херои, професорки, докторки, инженерки, пилотки, дури и астронаутки. Кои постигнувања ги има македонската жена, а ние не знаеме? Порано Албанките беа маргинализирани, а сега масовно студираат. Има многу талентирани за медицина и за кибернетика.
Рековме дека евровизиската жена или „нежена“ или метаморфен маж ги освојуваат инфопросторите. Македонија ги чува вредностите, а религијата и црквата помагаат. Ако традицијата е скршена вазна, жената е лепак. Жените се империја – океани, маси, мешања и раси, армија од 4 милијарди, победник на примитивизмот и сатанизмот. Трамп се обидува да ја поправи „дупнатата цевка“ на цивилизацијата, институциско-агенциска корупција и глобалдекаденција, а времето му е во тесна капсула. Но зад него стои титанот „Атлас“. А против мојава конзервативна главурдина,, која светот го гледа како исцрпен, мутавизуелен и бесфилозофен – променете го!
Во чест на 8 Март – мисија незавршена.
професор д-р Самуел Садикарио Колономос