ЏУДО
Во организација на џудо-клубот Карпош џудо-мастерс од Скопје, кој е и технички организатор, в недела (почеток во 10 часот) во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Скопје, ќе се одржи првенството на Македонија во џудо за деца и за кадети.
– Нашето мото е „едно дете повеќе во сала е едно дете помалку пред компјутер“. Со одржувањето на овој спортски настан, децата и кадетите ќе ги оттргнеме од компјутерите и од социјалните мрежи и со тоа ќе почнат меѓусебно да се дружат и психофизички да се развиваат и напредуваат – вели претседателот на клубот Миодраг Стојановиќ, кој е наедно и потпретседател на Извршниот одбор (ИО) на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ).
Г.И.