Промоцијата на книгата, која е избрана за „Роман на годината“, романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, ќе се одржи во Битола на 26 февруари.
„Единствен матичен број“ е роман што ги синтетизира сите несреќи на ова тло во внатрешното отуѓување на човекот и во неодговорените прашања, делејќи го идентитетот на намислен и вистински. Лидија Димковска зборува за сивата неприпадност и бездушноста, која е предзнак на пустелијата, вовлечена во нашето секојдневие. Исклучително актуелен, исткаен со препознатливиот комплексен и сигнификантен стил на оваа голема македонска писателка, ова е еден од најубавите романи во македонската проза, овенчан со најголемата книжевна награда во земјата.
Промотори на романот ќе бидат Виолета Танчева Златева и Сашо Огненовски.
Гости на промоцијата ќе бидат авторката Лидија Димковска и Катерина Богоева, претставничка на фондацијата „Славко Јаневски, која ја доделува наградата „Роман на годината“.