Истрагата на ФБИ за наводните обиди на Русија да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година првично се водела против четворица американски државјани, и Доналд Трамп не бил меѓу нив.
Ова го изјавил поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми на сослушување пред комисиите за правда и за надзор во Претставничкиот дом.
– Почнавме истрага против четворица Американци, за да видиме дали има врска меѓу овие четворица Американци и руските обиди за мешање, рекол Коми на сослушувањето зад затворени врати во петокот.
Тој не ги кажал имињата на лицата кои биле под истрага и само рекол дека Трамп не бил меѓу нив, но оти четворицата биле поврзани со него.