„Изгубени конструкции“ е насловена изложбата на српскиот ликовен ументик Александар В. Бранковиќ, што ќе биде отворена в петок, 14 февруари во „Бифе Тафталиџе“ во Скопје, со почеток во 19 часот.
Изложбата е поместена во повеќе градови во Србија и во регионот.Инаку ова ќе биде прва самостојно претставување на Алекснадар во Сакопје, неговиот роден град.
Ќе бидат изложени десет дела со димензии 70 x 100 цм, изработени со комбинирана техника. Насловите на делата го носат името на изложбата и се означени со римски броеви.
Всушност Александар е роден во Сакопје 1976 година, а живее и работи во Белград.По дипломирањето на Факултетот за ликовна ументост, отсек сликарство, магистрира на истиот 2009 година на отсек- цртеж. Претседател е на ументичкото здружение „Ц-4“ и повеќекратно наградуван.
Бранковиќ за неговите дела вели дека се одраз на сопственото согледување, но се и огледала на случувањата во општеството.
– Како автор, се обидувам да најдам одговори на некои важни прашања од моето време, за себеси како уметник и забележувам несогласност на уметноста со општеството, кое е бранител, посредник и сопственик на некои други вредности. Условен од постмодернистичкиот начин на живот, приморан сум да се занимавам со конкретни работи, да преземам елементи од таквата реалност, предмети од околината и преку нив да извршам бунт против наметнатите сфаќања. Мојата уметност е потрага по мисловни преобразби кои не се едноставни и еднодимензионални, туку секогаш се нераскинливо поврзани со особеностите на своето време. Тоа има индивидуална патека на движење и универзален след истовремено. Времето кое го бележам е она што формира одредена претстава. Претстава за една егзистенција која истовремено е пронајдена во личното, но и во колективното размислување. Таа претстава е одраз на сопственото согледување, но и на општественото огледување. Во неа, во еден вид тек, се испреплетуваат универзалното и личното време, од чија динамика излегува едно читање на реалноста, едно раскажување за времето низ времето – вели Бранковиќ за своето творештво и инспирација.
Делата застапени на изложбата „Изгубени конструкции“, претставуваат еден временски интеграл, една синтетичка визија, метафора која во својата подлога содржи дуалитет.
– Преку личното разбирање, се обидувам да ги преиспитам, низ себе и своето творештво, тие аналогни процеси на постоење и траење во истото.Поголемиот дел од елементите во моите дела се сликарски израз на стремежот да се прошири личниот израз и коментар, да се зачуваат конзистентните вредности во системскиот колапс преполн со духовни и интелектуални паралелизми. Овие дела се обид да се изразат согледувањата дека губиме тежиште, дека смислата ни изминува и секој обид да се воспоставиме и интегрираме се заснова на амбивалентноста и плуралноста во нас самите – објаснува уметникот.
Според Бранковиќ, интерпретацијата на животот мора да биде проследена со императив на одредено вредносно темелење; во спротивно, ние сме само луѓе кои не можат да се лоцираат, ние сме само изгубени конструкции. М.Т.