Поднесено барање до Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“
во Скопје за отворање лекторат по македонски јазик во Корча,
Република Албанија
Во албанскиот град Корча се планира во многу скоро време да се отвори лекторат по македонски јазик. Во врска со оваа дамнешна идеја, претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, поднесе барање до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Отворањето на лекторатот по македонски јазик е планирано да биде на Универзитет „Фан С. Ноли“ во Корча, Албанија.
– Во името на македонското друштво „Илинден“-Тирана поднесов барање до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за отворање лекторат по македонски јазик на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча, Албанија – ни изјави претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Н.М.