„Бог да го прости Миле Поп-Јорданов“ – пациент на Клиничкиот центар во Скопје. Тажно. Трагедијата на здравството што се случува е продолжена рака на историскиот македоноцид и автогеноцид. Тоа е „тивка окупација“, како и други хиенизми, под „анестезија“ од жалната немоќ за постоење. Пред 50 години, кога дипломирав на Медицинскиот факултет во Скопје, „летав на небото“ од радост – ете, сум станал доктор. Помагаш, спасуваш, хуман си, сите те сакаат, ихаааа… Кога одев во странство, ако кажев дека сум доктор, ме гледаа како бог. Првата шлаканица ми беше тешката нељубезност на персоналот – не кон мене туку кон пациентите. Навреда на пациент беше „како нормално“ кај нас. А, и во Србија видов сличности.
Така мазената „цицамаца“ јас се разочара… Бре бре, па и до депресија. Најсетне се адаптираш – ако си во шума, ќе станеш волк или ќе умреш. Таа нељубезност е остаток од стар паганизам и примитивизам, кои ги има и сега. Имаше и „тивка несимпатија“ кон медицината воопшто – демек тоа се господа и буржоазија. Дали и во Германија се така нељубезни? Секогаш бев синдикалец. Синдикалецот е војник бранител – ако не е корумпиран. Многу сакав онкологија и кардиологија и, ете, набрзо се вработив на Хематологија (онколошка). Шефови ми беа славните Неделковски, Стојчески и Дејанов. Набрзо се префрлив на Ендокринологија (поради бирократија), а многу подоцна на Кардиолошката клиника (политика). Секакви искуства сум имал во врска со медицината, базични, клинички, странски, основачки, живот, политички и лобирања. Имав убави моменти, дружења, учење, патувања, искуства, основања и градења. Недостатоци во здравството имаше и во социјализмот – недостатоци од простор, лаборатории, апарати, неслух на политичарите за медицината, па и дискриминација и мешање на политиката во здравството. Во медицината доживеавме социјализам, капитализам, транзиција, криминализација, етнобудалаштини и фашизам (се сеќавате на Токсикологија лани?). Во социјализмот бевме „задна дупка на свиралата“, сѐ беше поважно од медицината. Буџетот беше голем, па се префрлаа пари од медицина во области во кои имаше „дупки“. Сепак, мојата прва плата беше 30 пати поголема од последната. Југославија имаше пари од цел свет. Дојде распадот на Југославија, транзиција, па демек сега сме капитализам, среќа и демократија. Мајката! Мислевме дека новиот систем ќе донесе „рај“ за сѐ, па и за медицината – крастајци! Приватното здравство е морга – мои другари умреа од карцином, бидејќи за време на ковидот мораа да се оперираат само во приватни болници за астрономски цени, а тие не можеа да платат. Кој нема пари – умира!
НАПОМЕНА: Немојте да си дозволите да останете без здравствено осигурување! И јас и сопругата се лекувавме од тежок ковид во „Систина“ (бидејќи буквално нѐ избркаа од Инфективната клиника), за гигантска цена што за нас ја плаќаа мои блиски од странство. А ако не беше странството? – Сандук. Премиерот Љупчо Георгиевски (бугаровљубениот) во негово време сакаше да воведе тотална приватизација (парички од џеб во џеб). Тоа значи помор на деца, старци, малигноми, кардиолошки случаи итн. Вид на евтаназија! Медицински Аушвиц. Јас и група советници најдовме начин да го „убедиме“ – замислете преку суеверие, но и финансиска теорија. Имено, ако се укине јавното здравство, ќе се укине и Фондот за здравство – најголем фонд во државата, па ќе нема од каде да се краде. Значи, јавното здравство им треба за „џапање“, а не за лечење. Во рано време се зафатив со лобирање за сешто, па и за државна кардиохирургија (ме задолжи министерот Милошевски), заедно со израелска група (доктори, градежници, политичари, држава). Еден роднина на Али Ахмети, мој другар и извонреден хирург, ми рече: „А бе немој да бидеш будала, Кардиохирургија е смукалка за пари од фондот, а ти сакаш државна установа да правиш… мене ќе ме отепаше мафијата поради слична работа“.
Сешто ќе ви кажам овде, но имиња не споменувам. За оваа мизерија на здравството сега најмногу е виновен системот, уште од социјализмот, а потоа сите влади по ред. Велат дека сега итно ќе ги набават шесте лека за Онкологија… Мајку да ви…. без медиумите и вревата – ќе имаше мртви. Вам да ви се случи тоа „итреци“! Инаку, дискриминација навистина постоеше во социјализмот. Немаше албански доктори во државните установи. Обратно, кога дојде Неџипи како министер (инаку, мој пријател), тој се јавуваше на клиника по клиника по телефон со наредба „ќе примите двајца или тројца Албанци, без дискусија…“ Се потрефија добри доктори, но сестрите беа катастрофа – не сакаа да зборуваат македонски, не сакаа да боцкаат вени, не сакаа да дежураат… па ако некој се буни – директен телефон со министерот проработува. Клиничкиот центар постепено стана ДУИ-УЧК-изам. Ама УЧК повеќе ја цени медицината од нас и зазема позиции. Кој ја држи медицината ја држи државата, а ние не го сфаќаме тоа. Кога еднаш во „Бритиш медикал“ изјавив дека медицината во Македонија е мафијашка, „валкана“ (хигиена) и етношовинизирана – колегите ме дигнаа во воздух. Среќа што имав врски, па не ме гонеа политички. Сега ја гледаме вистината. Македонија е единствена земја во светот што нема стратегија за здравство. Македонија е единствена земја што нема стратегија за интрахоспитални инфекции. Една група, вклучувајќи ги академиците Ефремов, Дејанов, Поленаковиќ, Кедев и други, упорно предлагавме стратегија и упорно беше кочена (мафија). Дури и во мое време имаше трафицирање со метадон (дознав од пациенти), каде беа што вмешани доктори и од полицијата. Во мое време цифрата на наркомани беше 80 илјади (сега – немам поим). Во секој клас имало барем еден наркоман. Тогаш, најмногу беа во Тетово и во Скопје. Еднаш во Тетово отидов во „позајмувачница“, бидејќи еден другар требаше да се лечи од карцином во Турција. Одеднаш едни извадија пиштоли и – пукање како во „ОК Корел“! Еден пријател, Албанец од Тетово, ми рече: „А бе, ти нормален ли си – да не си влегол уште еднаш таму!“ „А што прави полицијата?“ – „А бе каква полиција, бе, ова е наркомафија, полицијата е вмешана со нив и никој не смее да писне. Затоа – бегај одовде“! На Хирургија некогаш бркаа пациенти од сала ако не беше уплатено за специјални сетови на специјална сметка.
Драги пријатели, медицината во Македонија е мафија! Дали сфаќате – МАФИЈА! Затоа не може да се реши проблемот на Онкологија – ќе те голтне помрачина! Од медиумите чувме дека лекови имало дури и вишок – но се префрлуваа во Косово! Е па, сега – јасно ви е? А зошто некои лекови во Косово се трипати поевтини? Еднаш, група од мафијата ми пријде и ми рече (накратко): „Ви нудиме да бидете министер, а услов е да потпишувате што ќе ви дадеме!“ „А зошто прајмминистерот ќе прифати баш јас да бидам министер“? – „Затоа што ние ќе му кажеме, а тој ни должи пари што ние преку вас ќе ги добиеме!“ – „Не сакам да бидам министер – никогаш!“ Ми падна во очи дека во таа „мафијашка група“ повеќе беа бугаромакедонци одошто Косовари. Преговарачот ми стана пријател, но подоцна „мистериозно“ почина. Кој смее да ѝ се спротивстави на мафијата? Коски им се тресат…. или да ја цитирам обвинителката Русковска „им се тресат гаќите“! Ова со Онкологија нема сами да го решиме – сега ќе набават лекови и… тишина. Утре? – Колбаси! А она со оградата кај Детска клиника, каде што тече вода од канализации? Кој га цепе Детску клинику! Милијарди бактерии „шетаат“ низ клиниката – и кој треба да го реши тоа? Трамп? Дали надлежните имаат мизофилија, бактериофилија или копрофилија? А клозетите? Тие се надреализам, дури и Салвадор Дали да им позавиди. Воопшто „клозетската култура“ во јавните објекти е афроазиска – за Гинисовата книга.
Уште еден аксиом да не заборавам: ДОКТОР НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ПОЛИТИКА – СО ЗАКОН ДА СЕ ЗАБРАНИ! Исто како армијата. Знаете ли некој доктор политичар што не зезнал нешто? И јас кратко се занимавав со политика, па се зезнав самиот себеси, а индиректно и големи луѓе од странство. Нека ми простат тие и Господ – имав убави намери. Проблемот Онкологија нема да го решат ниту доктори, ниту полиција, ниту политичари. Зад проблемот стои меѓународна мафија. Секоја чест на министерот Тошковски, но сѐ што може е палијатива. И самото МВР е импрегнирано со џихадисти и наркомафијаши, но тоа е друга тема.
Пред 70 години ме спасија со антидифтериски серум. Серумите се првите биолошки терапии и се произведуваа и во Југославија. Тоа е уште еден знак дека сами самцати – сме заникаде. Биолошката терапија се и вакцините, целуларните терапии, генетските терапии, потоа моноклоналните антитела, имуномодуларни терапии итн. Тие се користат за инфекции, малигноми, отрови, кожни болести, автоимуни болести, крвни болести, ендокрини болести, генетски болести, па дури и психијатриски болести. Моноклоналните антитела се релативно нов моќен метод. Започнува со откритијата на нобеловците (1984) Нилс Џерн, Жорж Џеј Ф. Коблер и Сезар Милштајн – теоријата на мрежи и хибридома – начин за производство на моноклонални антитела што дејствуваат на еден вид клетки или една молекула, на пример против специфична карциномска клетка. Клиничката примена е скорашна, со доста добри резултати, особено продолжување на животот. Тешко се поднесуваат, но вредат. Само под контрола на онколог. За Онколошката клиника во Скопје е голем успех што воопшто е воведена таа терапија. Производство во Македонија не е можно, но може да се врши пакување со реизвоз, што е добар бизнис. Но, за жал, кaде што има концентрација на пари има и предатори, мафии (домашни, меѓународни), со вмешаност на бизнисмени, полиции и политичари (наши, УЧК, Србија, Бугарија, исламска мафија, Блиски Исток, Гомора и понатаму). Подготвени и за убивање. Осумнаесет отсто од кокаинот во светот поминува низ Македонија, а има и доста уживачи. Потребно е да се бара интервенција од Интерпол, ДЕА и Стејт департментот за проширување на црната листа и други интервенции. Нашите нема да го решат проблемот со медицината, бидејќи визави мафијата нашата полиција е немоќна – нека ми извинат амбициозниот министер Тошковски и вигорозната ќерка на мои пријатели Мизрахи, но има бариери. Не знаеме колку длабоко мафијата е влезена во самото МВР, Собранието, други земји и до каде е – ве молам ангажирајте меѓународен фактор. А за правосудството – дискусија е безвредна. Има и посектретивна линија на сатанисти со трафицирања оружје, луѓе, биолошки материјали (Албанија-Македонија-Косово-Европа), за кои е потребен меѓународен фактор. Ова што се гледа е врвот на сантата мраз. Утре ќе има биотерапии, палијативно колку засега – а потоа? Тралала! Скапа е. Може – да се дефинира буџет. Доаѓаат нови пациенти, кои инаку би умреле. Истото тоа важи и за други лекови и други клинички области – хирургија (опрема), инфективно (вакцини, антибиотици, антитоксини), инсулини, нефролошки терапии, Детска клиника – (сложени набавки) итн.
Некогаш ние – група со професор Димитар Хрисохо – се поврзавме со Нилс Џерн, сакајќи да правиме математички модел за артифициелна интелигенција аналогно на неговите мрежи. Тој се согласи, но наскоро сите починаа. Дали е тоа знак? Нека бидат вечно со Господ.
професор д-р Самуел Садикарио Колономос