Плазма-зраци се откриени на многу поголеми растојанија од Земјата. Кога се претвораат во аудиосигнали, добиениот звук е сличен на оној што го емитуваат птиците
Звук што потсетува на црцорење на птици, но во длабоката вселена, неодамна открија кинески научници, пренесоа светските медиуми. Станува збор за плазма-зраци, познати како хорски бранови, кои се откриени на многу поголема оддалеченост од нашата планета отколку што беше случај досега, а кога се претвораат во аудиосигнали, високите ноти на овие звуци се идентификуваат со тоновите што ги емитуваат птиците.
Според „Њујорк пост“, експертите сега го регистрирале овој звук на оддалеченост од повеќе од 100.000 километри од Земјата, каде што досега не биле откриени тонови.
– Тоа отвора нови прашања за физиката и можноста за нови откритија на теренот – рече астрофизичарката Алисон Џејнс од Универзитетот во Ајова.
Иако сè уште не се сигурни што ги предизвикува овие звуци, експертите се сомневаат дека магнетното поле на Земјата може да има врска со оваа појава.
Овој необичен звук од вселената го снимија две вселенски сонди на американската вселенска агенција во 2015 година. Сепак, научниците претходно регистрираа сигнали од вселената што личеа на црцорењето на птиците, но многу поблиску до Земјата. Како што забележуваат, со децении на радиоантените се слушал звук што личи на птичји повик, вклучувајќи ги и приемниците на истражувачката станица на Антарктикот во 1960-тите години, но доаѓал од близината на Земјата.
– Новооткриените хорски бранови се меѓу најсилните и најзначајните во универзумот – истакна авторот на студијата.
Тие дури можат да произведат високоенергетски електрони способни за мешање сателитски комуникации.
– Тие се едни од најсилните и најзначајните бранови во универзумот – вели авторот на студијата Ченгминг Лиу од Универзитетот во Пекинг.