СПЕКТАКЛ НА НЕБОТО
Вљубениците во астрономијата имаа можност да уживаат во редок астрономски настан – шест планети од Сончевиот Систем беа видливи на ноќното небо истовремено. Со голо око, со помош на двоглед или телескоп, во понеделникот во вечерните часови можеа да се видат Венера, Сатурн, Нептун, Уран, Јупитер и Марс. Овој уникатен астрономски феномен се случува еднаш на сто години и претставува посебен момент за сите љубители на ноќното небо.
Астрономските опсерватории организираа јавни онлајн набљудувања на оваа појава. Настанот траеше околу еден час.
Овој феномен им го должиме на сложената небесна механика и на ситуацијата во која планетите во нивните орбити околу Сонцето се наоѓаат во позиции што овозможуваат нивна истовремена видливост од Земјата.
Венера, Марс, Јупитер и Сатурн беа видливи со голо око, додека за Уран и Нептун беше потребен помал телескоп. Иако Меркур, најмалата и најблиска планета до Сонцето, обично е тешко да се види поради нејзината близина до Сонцето, овој настан беше извонреден дури и без него.
Први за набљудување беа Сатурн, Венера и Нептун, кои застанаа набрзо по почетокот на настанот. Уран беше видлив до полноќ, Јупитер до два часот по полноќ, додека Марс го красеше небото до зори.