Утре во Охрид, при осветувањето на водата на Охридското Езеро за празникот Водици, ќе биде положен крст стар повеќе од 100 години, кој ќе скокаат се обидат да го фатат верници.
Крстот е изработен од дрво, со месинг во долниот дел. На горниот крак на крстот е изрезбано сонце, а тој секогаш стои изправен на површината на дното на езерото. Висината на крстот е 25 сантиметри, ширината е 12, 5 сантиметри, длабочината е 2,5 сантиметри, а тежи 173 грама.
Чествувањата за утрешниот празник ќе бидат во два дела. За црковен дел е задолжена МПЦ-ОА, односно Дебарско-кичевската епархија, а вториот, граѓански, ќе го координира Општина Охрид и предвидува празнична програма.