Фото: Пекселс

Двајца скопјани во четвртокот, 9 јануари, биле лишени од слобода затоа што кај нив полицијата пронашла и одзела кокаин.

– На 9.01.2025 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Т.(23) и Ф.Т.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајден и одземен кокаин – информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера против двете лица поднела кривична пријава по член 215 од Кривичен Закон.

Судија на претходна постапка на Ф.Т. му одредил мерка притвор, а на З.Т. му се изречени мерки на претпазливост.