Корисниците од населбите Гази Баба, Чаир, Кале, Топаанско Поле, Скопје Север, Бутел 2, Железарница и високата зона Автокоманда утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 милиметри на улицата „Цветан Димов“ бр. 155.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршувањето на инервенцијата од стана на екипите на ЈП „Водовод и канализација “ Скопје.