Фото: Пиксабеј

Драма се случила на летот од Истанбул за Анталија во авион во кој се превезувале фудбалерите на Напредак. Додека авионот бил високо на небото, а летот мирен, се слушнал апел на екипажот до медицинските експерти за помош. На повик на пилотот, лекарот на Напредак, Даниел Томиќевиќ веднаш реагирал за да му помогне на петгодишното девојче кое имало температура над 40 степени и доживеало „удар“.

Со брза и професионална интервенција д-р Томиќевиќ успеа да ја намали температурата на пациентката, да ја стабилизира нејзината состојба и да спречи компликации. Професионалноста и смиреноста во кризна ситуација предизвикале воодушевување кај патниците и членовите на екипажот.

Благодарение на д-р Томиќевиќ, девојчето набрзо било во стабилна состојба. По слетувањето во Анталија, сите го пречекале докторот на Напредак како херој на денот. Примајќи честитки, тој скромно истакнал:

– Задоволство ми беше да помогнам, ваквите ситуации само ја потврдуваат важноста на солидарноста и одговорноста во време на криза.