Миграцискиот инстинкт – во кој е проектирана човечката потреба за движење е константа на севкупната историја на човештвото. Надежта во љубов и верувањето дека животот е некаде на друго место, и во минатото и сега ги урива и ги прескокнува географските, етничките, идеолошките и културните бариери на европското тло од дамнина. При преселбите луѓето се приспособуваат на одредени нови услови, ги прифаќаат правилата како нужност што го преобликува, како надворешното така и внатрешното битие, но длабоко во себе ги чувствуваат и негуваат корените, кои во одреден момент прераснуваат во вистински мостови меѓу народите, тлото, родниот крај…
Драги Аљо/ша/
Еве најпрвин да те потсетам за тоа како те запознав и кога. Ти текнува за „Наши години“ играната серија (Унко/Горан)… голема екипа во Битола, градот на конзулите и тогаш големи филмски збиднувања. Ееее… што времиња…Е, па еден од актерите-чираци во кројачкиот дуќан во битолската чаршија… ја сум еден од нив… пишува на една од пораките од Канада со посредство на широко распространет планетарен – Фејсбук …
…Што финти нѐ научи не си свесен. Си мислев каков кул човек, само еднаш шанса да купиш нешто фор фри, а ќе ти трае доживотно.
За нас „копиљаци“ артисти од 15-16 години ни беше како гуру со светско искуство. А пошто ја носеше и гитарата… песни да бираш… (Кет Стивенс, Боб Дилан, Леонард Коен… у мал прст ги имаше)…
…Драг Данило… сѐ се сеќавам, а како стареам и дооформувам детали… тројцата чираци… паметам, а како стареам и дооформувам детали… чираците во кројачкиот дуќан во Битолската чаршија… Ти… Дане/Кузмановски/… Владо/Вуковиќ/… Николче/Младенов/… Горан/Михајловски/… време на големите продукциски зафати на МТВ… или она… -Мајсторот во кројачницата Дарко Дамески, Сценографот – Менде Ивановски, кој го подготви објектот – кројачница професионално и муштерии, кои влегуваа во дуќанот не знаејќи дека е аранжиран филмски сет… А и она наше… „немати код нас Здраво Живораде… где си Милораде… него Добар дан гос,н Рикардо“… ме врати во времето… Така беше… нема што…
Ти… Дане… Владо… Николче… Горан… време на големите продукциски зафати на МТВ… немати код нас Здраво Живораде… где си Милораде… него Добар дан гос,н Рикардо… ме врати во времето… а што се однесува до и за Кет Стивенс, Џејмс Телор… Џони Мичел… и ден-денес се на мојот репертоар… сега сум лоунџ пијанист во Парк Резиденс – фајв старс хотел во родното Скопје со голем избор на кавер верзии… баш како и си го замислував овој дел од живејачката… благодарам за вниманието и за убавите спомени… не знам кај си… но кога ќе дојдеш… имам ја уште „финти и занимации за вас младите“ да ве дообучам… што се вика онака да ве насочам контролирам… ха… ха… ха… поздрав… имам и некои интересни фотографии… поздрав…
Македонија е земја во која, според официјалните извештаи на Светската банка, 300 илјади граѓани се заминати во белиот свет, од кои 200 илјади се млади. Од соседна Бугарија бројката според анализите е над два милиона граѓани, главно обучен и високообразован кадар. Тоа е трајно уништување на потенцијалот на државите, подвлекуваат некои загрижени „инертни“ кругови… добро, а како загрижените „дежурни родољуби и патриоти“ го замислуваат животот во Европската Унија. Демек сакаме во Европа, ама да си бидеме дома, покрај огнот. Како што доаѓаат странски компании, луѓе, менаџери, стручњаци, војници, така и нашите човечки ресурси ќе се движат, заминуваат, доаѓаат, одат, се дошколуваат, се враќаат, остануваат. Постинформациските општества ќе бидат и во голем дел се мултиетнички заедници, кои се базираат врз високотехнолошки профитни економии, во кои луѓето од најразлични меридијани ќе се движат слободно носејќи со себе врзопи со високо информатички знаења, навики, вештини. Нашите преселници и покрај гурбетскот напор, носталгијата не забораваат од кај се и што се и секоја година испраќаат во татковината меѓу една и две милијарди евра. Во поново време некои се враќаат во татковината, некои ги вложуваат своите спечалени пари во бизнис, некои градат цркви, манастири, чешми… Ubi bene, ibi patria!* (Каде е добро, таму ми е татковината!)
Сѐ повеќе и во современото живеење наслушнуваме за извонредни поединци и „од нашиот сокак“ и во белиот свет, најчесто во анализите и написите за т.н. одлив на мозоци, кој капирајќи го правовремено потенцијалот на новите информатички технологии и усвојувајќи ја како важен дел од сопствената визија, вртоглаво пораснуваат и се верифицираат како релевантен креативен, потенцијал и со своите успеси нѐ уверуваат дека за умните вредни и амбициозни продолжетоци на нашата реалност постои извесна надеж и перспектива.
„Среќа што таму, во дијаспората, како што вие милувате да нѐ нарекувате, постојат луѓе што поинаку гледаат на трнливиот пат и севкупната развојна линија во која се наоѓа и чекори Македонија во моментов. Грешки правеле и претходните генерации и сегашниве, а на идните генерации е да учат на тие грешки и сѐ помалку да дозволат туѓите влијанија да ни ја кројат сопствената судбина и историја. Треба да веруваме во себе и во напорите што ги прави секоја влада на некој начин сами да се избориме за своето добро. Иднината зависи од самите нас и е во наши раце. Само со мудра и долгорочна политичка и економска платформа може да успееме. Аљоша, убаво е што ги пренесуваш мислите на нашите сонародници што живеат и во прекуокеанските земји. Се разбира дека тие остануваат Македонци каде и да се. Проектите што во последниве неколку години се планираат и реализираат и не треба да ги задоволат сите вкусови. Вредно е да се напомене дека сепак нешто позитивно се случува во Македонија, а тоа е и најважно“.
И за крај уште еднаш да подвлечеме, Македонија е секаде онаму каде што се бориме, трудиме и мислиме на неа.
Аљоша Симјановски