Тајмаут од една минута еднаш во мечот во мешани двојки може да побара капитенот или играчот што е на сервис, тоа не може да биде помеѓу првиот и вториот сервис, а играчите имаат 25 секунди да продолжат со мечот по тајмаутот
На тенискиот Јунајтед-куп во Австралија ќе има тајмаути од 60 секунди, кои може да ги побараат играчите или капитените за време на натпреварите во мешани двојки. Играчите можат да разговараат за стратегијата и за тактиката за време на паузите при менувањето страни, но ова им дава можност да го сторат тоа среде меч, објави организаторот на турнирот.
Тајмаут може да побара капитенот или играчот што е на сервис, не може да се бара помеѓу првиот и вториот сервис, тимовите мора да одредат тимска зона за време на тајмаутите, на секоја екипа ѝ е дозволен по еден тајмаут по натпревар во мешани двојки, а играчите имаат 25 секунди да продолжат со мечот по тајмаутот.
Јунајтед-купот е меѓународен мешан тимски настан, кој се игра низ повеќе австралиски града во пресрет на првиот гранслем-турнир во сезоната, Австралија опен. Третиот турнир ќе се игра во Перт и во Сиднеј од задутре до 4 јануари 2025 година. На турнирот во 2023 година првпат мажи и жени играа на официјално одобрен тимски турнир што нуди поени за рангирање, годинава се играа помалку мечеви отколку во првото издание, по три, и тоа поединечно мажи и жени и натпревар во мешани двојки, на новиот турнир ќе настапат девет од врвните 10 играчи, вклучувајќи и пет од првите шест тенисерки, а има и рекордни парични награди, пишува Јунајтед-купот. Н.М.